Се врати Меси, се вратија и победите за Барселона

twitter/fcbarcelona

Барселона се враќа во победнички ритам со Лионел Меси во тимот, по големата победа над Интер во Лигата на шампионите, вечерва со убедливи 4:0 ја декласира Севиља во дербито на осмото коло во Ла Лига.

Првата голема шанса ја имаа гостите но шутот на Лук де Јонг од пет метри го одбрани голманот на Барселона, Тер Штеген. Де Јонг во 18. минута повторно имаше шанса за гол, но неговиот шут не беше прецизен.

Потоа Барселона ја презеде иницијативата и веќе во 27 минута дојде до водство кога Луис Суарез со ножички постигна гол за водство. Пет минути подоцна Артуро Видал зголеми на 2:0, додека Осман Дембеле во 35. минута постигна гол за водство од 3:0.


Конечниот резултат го постигна Меси си прекрасен гол од слободен удар во 78. минута. До крајот на натпреварот, Барселона остана со двајца играчи помалку, прво Араухо доби црвен картон поради прекршокот над Чичарито, додека Дембеле поцрвене поради приговор.

Со победата над Севиља, Барселона се искачи на второто место со 16 бодови, два помалку од лидерот Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот