Се враќа дневната евтина тарифа на струја

струја струјомер
Струја/ Фото: МИА

Сигурно ќе се врати дневната евтина тарифа за електрична енергија, потврди претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски. Тој рече дека точниот датум од кога ќе почне да се применува ќе се објави за 10 до 15 дена затоа што уште траат разговорите и се чека одговор од ЕВН за колку време може да го прилагоди системот.

Дневната евтина тарифа пак ќе трае два часа, а тие ќе бидат во рамковен период од 11 до 16 часот, кога се покажало дека има најевтина цена на струјата поради производството на фотоволтаичните електрани, не само кај нас, туку и воопшто во регионот.

– Реално, кога има најниски цени и кај нас и во регионот, очекуваме од операторот на дистрибутивниот систем со кој веќе одржавме неколку состаноци да ни каже точни претпоставки како ќе оди промената на софтверот на броилото бидејќи сега во скапата тарифа имаме 4 посебни блокови. Исто така ќе треба да се прави промена и во „билинг системот“ затоа што одредена количина на електрична енергија нема да биде во ниту еден од блоковите – рече Бислимоски.

Тој објасни дека евтината струја не може да стапи одеднаш кај сите корисници затоа што најголем дел од броилата немаат далечински систем на читање и мора да се излезе на терен и да се направи промена за можноста за евтина тарифа во текот на денот.

– Евтината струја ќе биде вратена како и што ветивме кога ја укинуваме, кажувајќи дека тоа е само поради екстремно високите цени што тогаш ги имавме. Ова не е ниту популизам, ниту политика, туку пазарно решение. Логиката е да се купува евтината електрична енергија од фотоволтаиците и да се заштеди водат и јагленот, затоа што ни претстои нова грејна сезона и ние треба да си обезбедиме електрична енергија од домашно производство – рече Бисимоски, објаснувајќи дека кај нас со многу забрзано темпо се градат фотоволтаични електрани, а најголемите допрва се очекуваат годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот