Се враќаат и навивачите на фудбалските стадиони

Како што се вели во соопштението на полската лига, на навивачите ќе им биде дозволено да исполнат 25 отсто од капацитетот на стадионот.

Одреден број на навивачи ќе можат да присуствуваат на фудбалските натпревари во најсилниот полски шампионат од 19 јуни, но и во другите натпреварувања.

Како што се вели во соопштението на тамошната фудбалска федерација, на навивачите ќе им биде дозволено да исполнат 25 отсто од капацитетот на стадионот. Влезниците ќе се продаваат само онлајн.

Но, нема да бидат дозволени гостински навивачи поради пандемијата на коронавирус која и натаму е активна.

Ова му е потребно на фудбалот. Протоколот им дава сигурност на сите. И 25% е масовен настан, но веруваме дека сè ќе оди добро и дека клубовите во овие тешки услови ќе бидат во можност да ги организираат нивните активности. Благодарност до премиерот за неговата помош, ова е многу важна информација за сите нас – рече претседателот на полската федерација, Збигњев Боњек.

Натпреварувањето во полската лига беше прекинато на 9 март, а ќе продолжи в петок без навивачи.

Враќањето на навивачите ќе биде регулирано со посебни санитарни прописи, кои беа утврдени од надлежните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот