Се враќа проширената надлежност на судот во Кавадарци 

По 11 години, се враќа проширената надлежност на судот во Кавадарци. Судијата Лазар Нанев, вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев”, потврдува дека со измените и дополнувањата на Законот за судови, се враќаат одземените надлежности на кавадаречкиот суд.

– Конечно граѓаните на Кавадарци и Неготино правдата ќе можат да ја остваруваат во Основен суд во Кавадарци. Долги години се лобираше судот да ги добие назад изгубените надлежности, вели Нанев, еден од иницијаторите за враќање на надлежностите.

Во изјава за МИА, тој нагласи дека е исправена голема неправда за жителите од овој крај и се заблагодари на сите кои беа вклучени во лобирањето за повторно враќање на надлежностите.

– Неправдата која беше направена на основен суд Кавадарци, со одземање на дел од надлежностите, е исправена, со законските измени повторно судот во Кавадарци да ги добие целосните надлежности, а тоа е суд со полна надлежност или како што е наведено во законот, со проширена надлежност за подрачјето на Кавадарци и Неготино. Тоа значи дека оваа надлежност во рамки на своето постапување ќе значи целосна стварна надлежност за сите кривични предмети, без оглед на висината на кривичната санкција, секако исклучувајќи ги оние предмети кои се во стварната надлежност на одделот за организиран криминал во Скопје, целосно преземање и постапување по  граѓанските предмети, понатаму стопанските предмети, стечајните предмети и на крај предметите спрема деца, додаде Нанев.

Прочитајте и...  Три лица од возило застрелале куче скитник

Оваа надлежност значи и зголемување на обемот на работа и потреба од ангажирање на дополнителен стручен кадар како од судии така и од стручни соработници, кои треба да постапуваат по сите овие предмети. Цели 11 години жителите од четирите општини од Тиквешијата, правдата за посериозни предмети ја остваруваа надвор од своето место на живеење. Сега со враќањето на надлежностите на кавадаречкиот суд,  граѓаните без големи трошоци ќе доаѓаат до правдата.

– Граѓаните на Кавадарци трпеа голема штета со тоа што трошеа и време и енегрија и средства одејќи во друг суд  надвор од подрачјето на Кавадарци заради остварување на своите права. Таа голгота траеше 11 години. Еве неправдата е повторно исправена. Сега граѓаните многу брзо и правично ќе можат да ја остваруваат правдата, рече Нанев.

Прочитајте и...  Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Токму доаѓањето на брза правда до местото на живеење, бил и главен аргумент во лобирањето за враќање на надлежностите на кавадаречкиот суд.

Прочитај повеќе

Малолетник со нож избоде 19-годишно момче

Слободен печат

Жител на Слатино крадел стуја, пуштил кабел и до куќата на брат му

Слободен печат

Три лица од возило застрелале куче скитник

Слободен печат

Казни за тројца од Ресен за непочитување на полицискиот час

МИА Агенција

Кривични пријави за насилството во Матка

Слободен печат

Камион излета од патот кај Пелинце

Горан Наумовски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Жител на неготинско Тремник пријавил соселанец оти му го натепал детето

МИА Агенција

Седумгодишник паднал од тераса во Кавадарци

Кражбите во гостиварскиот регион намалени за половина

Слободен печат

Починато лице пронајдено во камп за бездомници

Слободен печат

Во скопска болница донесено лице во неконтактибилна состојба со пет убодни рани во стомакот

Слободен печат