СЕ ВМЕШУВА И ИРАН: Властите во земјата против турска воена акција во Сирија

Фото: Профимедиа

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека Иран е против турска воена акција во Сирија.

Во телефонски разговор со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, Зариф повика на „почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија”, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

Зариф и Чавушоглу разговарале синоќа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги остава оние што се вклучени во сирискиот конфликт сами да ја решат ситуацијата.

„Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе мора сами да ја решат ситуацијата и да утврдат што ќе прават со припадниците на Исламска држава, фатени во нивната околина”, рече Трамп.

Тоа е прва реакција на Трамп откако Белата куќа најави повлекување на американските трупи, отворајќи го патот за турската воена офанзива против Курдите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот