Се вљуби во затвореник, па и таа заврши зад решетки

Работничка во затвор која се заљубила во еден „опасен“ затвореник во најголемиот британски машки затвор, осудена е на една година затвор поради оваа афера, пренесува српски „Курир“.

Ејшиа Ган (27) е осудена откако се најдени докази за забранетата врска со Курман Разак (29). Како што е наведено, двајцата разменувале бројни телефонски разговори и сексуално експлицитни фотографии и снимки, пренесуваат британските таблоиди.

Разак отслужува 12-годишна затворска казна поради грабеж во затворот Бервин.

На судот е кажано дека во нејзината соба се пронајдени фотографии од партнерите како се бакнуваат, а таа успеала во затворот за Разак да ги внесе и своите гаќички.

Исто така, утврдено е дека таа ја дала својата сметка на еден од соработниците на Разак и на него добила уплата од 1.500 фунти.

Обвинителот Сајмон Милс информирал дека Ган работела во затворот откако е отворен во февруари 2017 година. Таа исто така поминала и курсеви за превенција на корупција, како и тренинг во кој работниците во затворот се обучуваат да бидат свесни за ризиците од обидите на затворениците да ги заведат или искористат.

Обвинителот рекол и дека партнерите не биле воопшто суптилни во однос на нивната несоодветна врска.

Колегите забележале дека Ган поминувала повеќе време со Разак и често пати на подолги временски периоди заминувала во неговата ќелија. Спроведена е интерна истрага и прегледан е неговиот мобилен телефон во ќелијата. Обвинителот открил дека Разак често се јавувал на една жена, чие име било запишано како Кили Мејсон.

Кога ги прегледале снимките, препознаен е гласот на Ејши Ган, а меѓу двајцата се идентификувани 1.213 телефонски повици. Двајцата меѓусебно си испраќале екплицитни фотографии и видео записи, а останале во врска и кога таа била уапсена.

Во судот исто така е кажано дека Ган му праќала принтскрин-фотографии од разговори на апликацијата „Whatsapp“, во кои нејзините колеги разговарале за тактиките за претресување на келиите. Исто така, таа му купувала облека и на негово име се обложувала на натрепвари.

Нејзиниот бранител Питер Хантер рекол дека таа е свесна дека направила грешка и дека се кае за стореното. Според неговите зборови, таа подлегнала на комплиментите на Разак и неговото додворување, набрзо откако прекинала долга врска со дечко кој ја изневерил.

– Некој и покажал внимание и таа тоа го прифатила, што било навистина глупаво. Таа се кае и е посрамена – рекол тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот