Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, 19 лица починаа

Фото: Фејсбук

Во Албанија продолжува трендот на високи бројки на новозаразени и починати од Ковид-19 и во последното деноноќие.

Според Министерството за здравство и социјална заштита опасниот вирус е дијагностициран кај 846 лица од тестираните 2.308 сомнителни случаи, што е 37 отсто од тестираните.

-Во изминатото деноноќие битката со опасниот вирус ја добија 312 или 21.286 до сега, додека за жал ја изгубија 19 или 889 пациенти. Во изминатите седум месеци направени се 201.634 тестови при што позитивни на вирусот биле 42.148 лица, информираа од министерството.

Во четирите ковид болници хоспитализирани се 469 пациенти, 31 се на интензивна терапија, а 11 се интубирани.

Дека се влошува епидемиолошката состојба потврда е процентот на заразени во однос на тестирани.

Во октомври тој процент во просек изнесувал 19,6, во ноември 27 додека неделава што изминува се зголемил на 30,3 проценти.

Освен четирите ковид болници, кои располагаат со 550 легла, Министерството информираше дека се подготвени за прием на пациенти и ковид центри во пет од вкупно 12 регионални болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот