СЕ „УТЕПАА“ ОД КРАДЕЊЕ: Сплитските „Бони и Клајд“ без срам си ги наполнија торбите со најбараните производи (Видео)

фото: Принтскрин

Опремени со празни ранци и одреден таргет – „Нутела“ и кафе, двајца Хрвати денеска бесрамно ги испразнија рафтовите во продавница во Сплит. Изгледа дека им паднал шеќерот.

Така, човекот, мирно и без паника, во сина торба стави дури 22 тегли „Нутела“ и ја испразни полицата.

Неговата партнерка „оперираше“ на полицата за кафе. Откако ја наполни корпата, таа стигна до него и додаде 12 пакувања кафе.

Очигледно, не ги забележаа безбедносните камери кои се инсталирани веднаш до полиците каде крадеа, па нивната „операција“ беше снимана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот