Сè уште трае потрагата по напаѓачот на Тајланд

Сè уште трае потрагата по тајландскиот војник кој уби најмалку 20 лица и влезе во трговски центар „Терминал 21″ во градот Корат, каде се претпоставува дека држи најмалку 16 заложници.

Полицијата и војската претходно упаднаа во тајландскиот трговски центар. Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана соопшти дека безбедносните сили им помогнале на стотици лица да побегнат од објектот, но засега не е познато уште колку луѓе има во тој шопинг центарот во Корат. Портпаролот потврди дека напаѓачот сè уште е во трговскиот центар „Терминал 21″.

Во меѓувреме е објавена уште една снимка од упадот на тајландските безбедносни сили.

Напаѓачот, идентификуван како Јакрапант Тома, пукал по цивили во Корат, а потоа влегол во трговски центар каде зел како заложници 16 лица. Војникот, кој по ранг е помлад офицер, прво го убил својот надреден во воен кампус во провинцијата Након Ратчасима, по што украл воено возило Хамер, со кое се превезол до блискиот град Корат каде отворил оган кон цивилите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот