Се уште постои закана од напади во Шри Ланка

фото EPA-EFE/STRINGER

Премиерот на Шри Ланка Ланке Ранил Викремесинге потврди дека во таа азиска земја, каде во неделата во неколку терористички напади загинаа повеќе од 300 луѓе, се уште постои активна закана.

Си-Ен-Ен пренесува дека Викремесинге на прес конференција изјавил оти „има луѓе со експлозив кои се уште се во бегство”.

Премиерот додаде дека не знае колку лица се во бегство.

Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена изјави дека во наредните 24 часа очекува смени на челниците на одбранбените сили на земјата, затоа што не успеале да ги спречат нападите на бомбашите самоубијци во кои беа убиени повеќе од 300 луѓе, и покрај фактот што имале информации дека ќе има напади.

– Во целост ќе ја реструктуирам полицијата и безбедносните сили во наредните недели. Очекувам смени на шефовите на одбранбениот естаблишмент во рок од 24 часа, истакна Сирисена во обраќање кон нацијата емитувано на националната телевизија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот