Сè уште гори Попова Шапка: Граѓанската иницијатива О2 ги алармираше надлежните

Центарот за управување со кризи вчера објави дека има нов пожар над селото Лисец, на непристапен терен и хелихоптери на армијата се упатиле да го гасат пожарот, но граѓанската иницијатива O2, преку својата фејсбук група информира дека сè уште има чад на Шара, и покрај тоа што вчера Дирекција за заштита и спасување исто испратила авиони за помош на пожарникарите од Тетово.

Според последните информации на ЦУК, вчера е запалена дабова шума над село Копаница во Општина Сарај.

Исто така, има активен шумскиот пожар кај манастирот Св.Преображение кон селата Арилево и Горно Дивјаци, во Крушево, кој трае од саботното утро, кој уште не е изгаснат. Пожарот во атар на село Маргари во Општина Прилеп е сè уште активен.

Шумски пожар од неделата попладне има кај Стипта во атар на село Градешница, Општина Новаци, поради непристапноста на теренот гаснењето е отежнато. Пожарот над село Ќафа во Охридско, исто така уште не е изгаснат.

Од иницијативата на граѓани О2 информираат, дека се слушаат чести надлетувања во Скопје утрово, па оттаму се со надеж дека се упатени да ги изгаснат активните пожари кои во моментов се активни низ државава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот