Се уште гори на планината Готен

Се уште не е изгаснат пожарот на планината Готен, кој гори повеќе од две недели меѓу селата Покрајчево и Злеово во општина Радовиш.

Заради ветрот и непристапниот терен пожарот избувнува на други локации, како што е случај денеска кога гори на пет километри над селото Злеово.

Според градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов, пожарот требало вчера да биде ставен под целосна контрола, но поради тоа што не се интервенирало од воздух поради зафатеност на авионите и хеликоптерите, денеска гаснењето продолжува на терен со ангажирање на педесетина пожарникари и вработени во шумските стопанства во Струмица и Радовиш.

Од Шумското стопанство „Беласица” од Струмица информираат дека пожарот ги зафатил пониските делови од планината Готен со намален интензитет.

-Очекуваме денеска пожарот целосно да биде угаснат. На неколку места ќе реагираме и нема да дозволиме повеќе да гори, рече Никола Ристов од Подружницата на ЈП „Национални шуми”-Шумско стопанство „Беласица” од Струмица.

Според првичните проценки во пожарот изгореа над 200 хектари нискостеблеста шума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот