Сè уште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти, вели Филипче

Сè уште е рано да не се носат маски на отворено, рано е и за свадби и концерти, вели Филипчеуште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека за ова е разговарано утрово, но оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка.

– Следниот чекор би бил, но сеуште е рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските како претходно, односно само во група надвор. Засега е рано. Тоа ќе биде следно за што ќе разговаравме. Утрово инициравме дискусија и заклучокот е дека треба да почекаме уште недела или две, рече Филипче.

Засега е рано и да се организираат свадби и концерти.

– Сè уште не се дозволени концертите и свадбите бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче.

Новите предлози за олабавување на рестриктивните мерки, како што изјави, се поради трендот на намалување на бројот на новозазарени и значителното празнење на болничките капацитети.

Филипче: Полициски час од 24 часот и укинување на забраната за теретаните се дел од новите мерки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот