Се урнаа две брани во САД, илјадници граѓани евакуирани во Мичиген (ВИДЕО)

Моментално нема известување за сериозно повредени или смртни случаи.

Властите во американската сојузна држава Мичиген прогласија вонредна состојба за еден регион откако на тоа подрачје поради обилните дождови и поплави се урнаа две брани.

Браните Еденвил и Сенфорд попуштија вчера вечерта, рече гувернерката Гретчен Витмер и ги повика сите жители од погодените подрачја во округот Мидланд на итна евакуација, пишува Си Ен Ен.

„Ако имате член на семејството или сакана личност која живее во другиот дел од државата, одете таму веднаш. Ако не можете да го направите тоа, тргнете кон засолништата кои се отворени во погодениот реон“, рече таа.

Во текот на наредните 12 до 15 часа во центарот на градот Мидленд би можело да има до 3 метри вода, рече Витмер на конференцијата за новинари и додаде дека се очекува историски висок водостој.

Марк Боне, претседател на Одборот на повереници на округот Мидленд, рече дека верува дека до сега се евакуирани до 10.000 жители и дека моментално нема известување за сериозно повредени или смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот