Се урна руски воен авион кај Краснодар, пилотот нe успеал да се катапултира

Во пад на руски воен школски авион „Л-39“ во регионот на Краснодар погина пилотот, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Борбениот школски авион се урна денеска во текот на рутиски лет во регионот на Краснодар, околу 16 часот по московско време, соопшти министерството – пренесе Тасс.

Авионот не бил вооружен, а пилотот, кадет на военото училиште, не успеал да се катапултира и погинал во несреќата.

Спасувачките екипи се не терен и работат на увидот на местото на падот на авионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот