Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се очекува да ја номинира Џенет Јелен, поранешна претседателка на Управниот одбор на Федералните резерви, за министерка за финансии.
Како што пренесуваат американските медиуми, со ова назначување, Бајден ќе ја урне родовата бариера што постои во САД веќе 231 година, но, исто така, ќе назначи економист и пазарен, а не финансиски експерт, за шеф на Федералните резерви, и тоа во време на економска криза што е незабележаната од периодот на Големата депресија меѓу 1929 и 1939 година.
Новиот шеф на Министерството за финансии треба да се фокусира на прогресивни решенија за два основни проблема – растечката економска нееднаквост и климатските промени, префрлајќи ги приоритетите на администрацијата на Трамп на втор план – намалување на даноците и финансиски регулативи.
Јелен (74) ќе биде прв американски функционер на чело на Министерството за финансии, на Федералните резерви и на Одборот на економски советници на Белата куќа.