Се уредува пехчевската библиотека „Кочо Рацин”

Од библиотеката додаваат дека истата располага со околу 20 илјади наслови на македонски, но и на повеќе други јазици меѓу кои српскиот, хрватскиот, романскиот, ромскиот и албанскиот.

Во тек е реновирање на просторот во матичната библиотека „Кочо Рацин” во Пехчево. Според информациите од директорката Габриела Костадинова, освен реновирањето на просторот, ќе се уредува и досегашната помошна просторија која ќе биде наменета за канцеларија на вработените во библиотеката.

Реновирањето се врши со средства обезбедени од општината и библиотеката, во чии рамки освен гореспоменатите активности, набавени се и нови полици за книгите. Реновирањето оди со брза динамика, што значи дека библиотеката наскоро ќе добие нов лик, вели Костадинова.

Пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски, кој изврши увид во работите, додаде дека просторот ќе биде целосно модернизиран, а воедно за корисниците ќе биде олеснет пристапот до потребните информации.

Со оваа активност очекувам библиотеката „Кочо Рацин” да добие модернизиран ентериер и екстериер, подобра функционалност и полесен пристап до потребните податоци и информации за корисниците, истакна Тренчовски.

Од библиотеката додаваат дека истата располага со околу 20 илјади наслови на македонски, но и на повеќе други јазици меѓу кои српскиот, хрватскиот, романскиот, ромскиот и албанскиот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот