Се укинуваат ноќните летови над Будимпешта

Поради загадување од бучава, која ја создаваат авионите кои навечер летаат над Будимпешта, наскоро ќе бидат забранети ноќните летови над унгарската престолнина.

Градоначалникот на Будимпешта најави дека ова прашање ќе биде регулирано со амандмани на законот за воздушен сообраќај.

Со најавените амандмани ќе биде регулирана забраната на летови од меѓународниот аеродром „Франц Лист“, во периодот од полноќ до пет часот изутрина.

Со измените се предвидува казна до 1.000 евра за летовите кои се одвиваат во тој период, а бројот на места за следење на нивото на бучавата ќе бидат зголемени, од сегашните шест на 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот