Се укинуваат летовите на „Рајанер“ кон градовите од поранешна СФРЈ

Нискобуџетниот авиопревозник „Рајанер” ќе ги прекине своите редовни летови од аеродромот во Стокхолм кон Бања Лука, Ниш и Подгорица поради затворање на своите бази.

Исто така, компанијата ги укинува и сезонските летови до Риека. Меѓутоа сезонските летови кон Задар остануваат и понатаму со оваа одлука.

Авиопревозникот објасни дека до затворање на базите доаѓа поради доцнење на испораката на авионите Боинг 737 макс, кои моментно се приземјени со одлука на регулаторните органи низ светот.

– Очекуваме да го намалиме капацитетот кон многу други дестинации и моментно разговараме со нашите луѓе, синдикатите, како и со аеродромите опфатени со оваа одлука, со цел да ги завршиме таквите помали редукции, соопшти авио компанијата.

„Рајанер” кон и од аеродромот во Стокхолм превезувал околу 1,2 милиони патници годишно, што е околу половина сообраќај на тој аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот