Се удави познат актер: Непосредно пред трагедијата, објавил фотографија како ужива на плажа

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Познатиот австралиски актер Питер Харди (66) е идентификуван како човекот кој се удавил на плажа во Западна Австралија. Харди беше најпознат по улогите во филмовите „Chooper“ и „Соседи“.

Неговото тело било извлечено од водата на „Саут Бич“ во Фремантл околу 10 часот во четвртокот, објавија локалните медиуми. Случајните минувачи се обидувале да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, но безуспешно, пренесува Daily mail“.

Харди живеел во Лондон, но во тоа време бил во Перт, каде бил во посета на својата мајка. Непосредно пред трагедијата, актерот објавил селфи од плажа и видео со опис:

„Повеќе причини да бидете весели“ – напишал актерот непосредно пред неговата смрт.

Да потсетиме дека Питер се појави како Џими Дрејн во три епизоди од австралиската сапуница „Соседи“ во 1997 година. Тој исто така се појави во мјузиклот „Мама миа!“ и „Човекот на кралот“ во 2021 година, глумејќи руски генерал во третиот дел од трилогијата „The Kingsmen“ во режија на Мајкл Вон.
Питер беше најпознат во Австралија по улогите во „Ќерките на Меклаод“ и „Chooper“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот