Се „тресе“ фудбалскиот свет: Нејмар ги изненади сите! (ФОТО) - Слободен печат
СпортФудбал

Се „тресе“ фудбалскиот свет: Нејмар ги изненади сите! (ФОТО)

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар најави враќање во својот поранешен клуб Барселона, како што пренесуваат денеска шпанските медиуми.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Барса има намера да му понуди на Нејмар ист договор каков што имаше пред заминувањето во Париз во 2017 година, со годишна плата од 22 милиони евра, што би било четири помалку од сегашната плата која ја има во ПСЖ.

Потоа, според шпанскиот „Спорт“ Нејмар во порака до фудбалерите на Барселона со кои заедно се во „Ватсап“ групата напиша: „Без грижи, доаѓам“.

Претходно веќе беше објавено дека Нејмар сака да го напушти ПСЖ и да се врати на „Камп Ноу“. Но, „светците“ од Париз шокираа со сумата која ја бараат за бразилската ѕвезда.

Потсетување дека во 2017 година за рекордер трансфер во светскиот фудбал за 222 милиони евра од Барса се пресели во ПСЖ.

За својот досегашен клуб одигра 58 натпревари и постигна 51 гол, со две шампионски титули, Куп и Лига куп во Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close