Се топи снегот од планините, реките се пред излевање

Топлото време и високите надпросечни температури на воздухот за овој период од годината условија интензивно топење на снегот од планините и зголемување на водостојот на реките низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР предупредуваат за внимателно движење покрај реките и суводолиците, особено во сливните подрачја кои доаѓаат од повисоките планински делови и каде има можност за интензивно топење на снегот во наредните денови.

„Поради високите како дневни, така и ноќни температури, топење на снежната покривка има дури и на повисоките планински делови со поголема надморска висина, што придонесува за забрзано зголемување на водостојот на водотеците низ земјава и тоа најмногу на оние кои доаѓаат од повисоките планински масиви, каде што се уште има поголеми количини на снег. Топлото време и високите температури на воздухот ќе продолжат и во текот на денешниот ден, но и во наредните денови, така што за очекување е да биде висок водостојот на реките низ земјава“, се наведува во соопштението од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот