„Се топи“ мнозинството на Џонсон

Фото: EPA-EFE/UK PARLIAMENTARY RECORDING UNIT

Изборната трка во Велика Британија станува се понеизвесна, а конзервативците на премиерот Борис Џонсон треба на изборите во четврток да победат со мало мнозинство, покажаа најновите испитувања на јавното мнение.

Агенцијата YouGov предвидува дека конзервативците ќе обезбедат мнозинство од 28 пратенички места, што е значително помалку од 68-те мандати колку што им предвидуваше анкетата од пред две недели. Предноста на конзервативците е многу намалена во последните две недели и сега заради маргината од грешка во анкетата веќе не е ни сигурно дека премиерот Борис Џонсон ќе победи на изборите, а во тој случај Брегзит повторно може да биде одложен.

-Врз основа на овој модел, не можеме да ја исклучиме можноста од парламент без мнозинство, изјави директорт на  YouGov за политички анализи Ентони Велс.

Џонсон ги закажа изборите токму за да ја надмине блокадата на парламентот, во кој неговата малцинска влада не успеа да го протурка законот со кој земјата ќе излезеше од Европската унија до 31 октомври, па мораше да се одложи за 31 јануари.

Агенцијата Фокалпоинт, исто така, објави резултати од анкета кои покажуваат дека мнозинството на конзервативците се намалило на 24 пратеника, што е огромен пад во однос на анкетата од минатиот месец во која ториевците имаа мнозинство од 82 мандата.

YouGov проценува дека конзервативците во 650-члениот парламент би имале 339 места, што само малку повеќе од 317-те, колку што освоија на изборите во 2017 година.

Според овие резултати, главната опозициска Лабуристичка партија би освоила 231 место во новиот состав на британскиот Парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот