Се токми новиот владин кабинет на Холандија – радикалниот десничар Вилдерс и партнерите се договорија

Лидерот на Партијата за слобода (ПВВ), Герт Вилдерс, зборуваше со новинарите по претставувањето на главниот договор за нов кабинет/ЕПА

Договорена е распределбата на ресорите меѓу партиите – се токми владиниот кабинет на Холандија. Радикалниот десничарски популист Герт Вилдерс постигна договор со своите идни коалициски партнери за составот на новиот кабинет на Холандија, јави ДПА.

Веќе беше познато дека независниот поранешен шеф на тајната служба и поранешен висок државен службеник во Министерството за правда, Дик Шоф, ќе стане нов премиер.

Радикалната десничарска Партија за слобода (ПВВ) на Вилдерс за прв пат ќе биде дел од власта во Холандија.

– Многу сме среќни што има договор, изјави Вилдерс. Како сега ќе се распределуваат ресорите и кој ќе стане министри ќе биде објавено „во следните неколку часа или денови“, додаде тој.

Четирите коалициски партнери претходно се договорија околу половина од министрите да не доаѓаат од партиската политика.

Самиот Вилдерс се откажа од премиерската функција за да ја овозможи коалицијата.

Екстремно десничарскиот политичар победи на парламентарните избори во ноември со својата антиисламска партија со изненадувачки голема разлика, но му требаат најмалку двајца партнери за парламентарно мнозинство, потсетува ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот