Се тестирале над 500 новинари, триесетина од нив биле изложени на ковид-19

Серолошките тестови за ковид-19 кои со поддршка на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) беа спроведени за да се направи скрининг на медиумските работници покажале дека триесетина новинари биле изложени на вирусот.

Според податоците на ЗНМ, на бесплатниот скрининг, се тестирале повеќе од 500 новинари и медиумски работници, од Скопје и од внатрешноста. Резултатот бил позитивен на пет отсто од тестираните. Бројката на медиумски работници кои биле изложени на вирусот, според претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски не е алармантна, но не е ниту за занемарување.

-Бидејќе се појавија случаи на коронавирус меѓу новинарите во повеќе редакции, сметавме дека е добро време да видиме дали тоа се проширило, и ако се проширило да најдеме начин да се спречи ширење во редакциите. Тестирањата беа направени со анализа на крвта. Можеби бројката не е алармантна, но, никако не е за занемарување. Апелиравме и апелираме да се преземат сите можни чекори за да се спречи натамошното ширење. Тоа би значело почитување на протоколите за работа, односно носење маски, практикување дистанца и постојано миење на раце- вели претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

Тој потсетува дека ЗНМ има изработено и прирачник за работа на новинарите за време на пандемија, во кој детално се објаснуваат сите елементи од работата во вакви услови, како и начинот на кој да се заштитат новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот