Се „тенчат“ залихите: Цената на „црното злато“ расте три недели по ред

Веќе трета недела по ред се бележи раст на цената на нафтата откако голем број земји во светот почнаа да ги олабавуваат рестриктивните мерки поврзани со справување со корона вирусот, па со тоа порасна и побарувачката за овој енергенс, додека залихите направени изминатиот период полека почнаа да се намалуваат.

На лондонскиот пазар за нафта цената за барел минатата недела порасна за 5,2 отсто, на 32,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за речиси 20 проценти, на 29,43 долари.

Цената на нафтата со месеци беше под притисок, притоа паѓајќи на најниско ниво за изминативе 20 години, бидејќи поради корона кризата светската економија потона во рецесија, па остро падна и побарувачката за нафта.

Но, во последните три недели цената на нафтата значително порасна бидејќи голем број земји од светот почнаа полека да ги олабавуваат мерките , со оглед на успорувањето на корона вирусот, па побарувачката за нафта зајакна, а залихите почнаа да се трошат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот