Се судрија две возила, возач заврши во болница

Шеесетгодишен кавадарчанец е тешко повреден во сообраќајка која се случила вчера попладне во Кавадарци. Сообраќајната незгода се случила на улицата „Шишка“ помеѓу патничко возило „опел корса” со кавадаречки ознаки, управувано од З.М. (60) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф”, исто така со кавадаречка регистрација, управувано од кавадарчанецот  М.Г.(61). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.М. кој бил пренесен во кавадаречката болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот