Се степаa советници од листата на Димитриевски и на СДСМ, Салиевски вели дека Реџеповски го удрил во главата

Идните советници во Советот на Општина Куманово Реџеп Реџеповски од независната листа „За наше Куманово“ и Самет Салиевски од СДСМ/ Фото: Колаж на СП

Идните советници во Советот на Општина Куманово Реџеп Реџеповски од независната листа „За наше Куманово“ и Самет Салиевски од СДСМ , во полиција поднеле пријава за физички напад. Реџеповски пријавил дека бил нападнат од Салиевски и неговиот татко, обајви СДК.мк.

„На 23.10.2021 година во 14.15 часот во СВР Куманово Р.Р. пријавил дека во населбата Средорек бил физички нападнат од С.С. и неговиот татко. Истиот ден во 14.17 часот С.С. пријавил дека бил физички нападнат од Р.Р. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.

Во меѓувреме од двата штаба излегоа на прес-конференции со меѓусебни обвинувања.

„На само една недела пред вториот круг од локалните избори, почнаа насилствата и физичките пресметки во Куманово само за да се добие глас плус повеќе. На 23.10.2021 година врз наш кандидат за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Реџеп Реџеповски е извршен физички напад од страна на советник на СДСМ Самет Салиевски и неговиот татко, во населба Средорек. Овој случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи“, изјави Николај Павловски од независната листа советници.

Советникот Салиевски најави дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпаролот на Димитриевски.

„Реџеповски без причина ме удри во главата, побарав лекарска помош, имам повреда и случајот го пријавив во полицијата. Ние се бориме никогаш повеќе Ромите да не не влечат за учи. Овој режим на Димитриевски е режим на Груевски. Ние Ромите сме мирни луѓе, но тимот на Димитриевски сака да ги продолжи насилствата врз нас”, кажа Салиевски.

Реџеповски е освојувач на сребрениот медал од Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година, а Салиевски е исто така е бивш боксер со сериозна кариера, а двајцата се тренери во Боксерскиот клуб Куманово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот