Се срушил товарен авион, не се знае дали има ПРЕЖИВЕАНИ: Се запалил откако удрил во паркирани автомобили – Слободен печат
ВестиПланета

Се срушил товарен авион, не се знае дали има ПРЕЖИВЕАНИ: Се запалил откако удрил во паркирани автомобили

Несреќата се случила околу три часот наутро, источно од аеродромот кај работилница за поправка на автомобили.

Недалеку од Толедо во Охајо се срушил товарен авион со двајца членови на персоналот и се запалил кога удрил во два паркирани автомобили, соопштил менаџерот на аеродромот во Толедо.

Несреќата се случила околу три часот наутро, источно од аеродромот кај работилница за поправка на автомобили, а како што рекол менаџерот на аеродромот Џо Ротердам, не се знае дали лицата кои биле во авионот преживеале, пренесува АП.

Како што рекол тој, истрагата и натаму е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close