Се сруши патнички авион: Најмалку 12 лица загинаа во Јужен Судан

Најмалку 12 лица загинаа при пад на патнички авион, кратко по полетувањето во Јужен Судан, јави агенцијата Анадолија.

Директорот на меѓународниот аеродром во Јуба, Кур Куол изјави дека патничкиот авион се урнал во регионот Пеири, во државата Онглеј.

Тој изјави дека во несреќата загинале неколку лица, но дека точниот број сè уште не е утврден.

Локалните медиуми објавија дека во несреќата загинале најмалку 12 лица, 10 патници и двајца пилоти.

Авионот полетал околу 17:00 часот по локално време и се урнал непосредно по полетувањето.

Засега не е утврдена причината за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот