СЕ СРУШИ АВИОН ВО КИПАР: Две лица загинаа за време на обука

Брза помош / Фото: Профимедиа

Полицијата во Кипар соопшти дека двајца 46-годишни мажи загинале денеска, откако нивниот мал авион за обука се срушил на аеродромот во турскиот дел на Кипар.

Според полицијата, авионот се срушил денеска попладне во близина на терминалот на аеродромот Геџиткале, јавува АП.

Авионот е регистриран на Турско-кипарскиот воздухопловен спортски сојуз и не е јасно дали несреќата се случила за време на полетување или слетување.

Полицијата соопштила дека во тек е истрага за да се утврди точната причина на падот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот