Се состана работната група во МВР со цел надминување на состојбата со пасошите, закажана уште една средба

Во врска со Oдлуката на Влада со која беше задолжено Министерството за внатрешни работи да формира работна група предводена од страна на министерот Наќе Чулев, што ќе даде предлог решение за надминување на состојбата со недостигот на обрасци за пасоши, од МВР известуваат дека во текот на денешниов ден работната група во рамки на МВР имала состанок , при што беа побарани дополнителни податоци од Одделот за управни работи со цел утврдување на фактичката сосотојба околу побарувањата на граѓаните за патни исправи за изминатиов период.

До крајот на денов закажана е уште една средба на работната група во МВР по што јавноста дополнително ќе биде информирана околу следните чекори во насока на решавање на настанатата состојба.

Врвот на МВР утринава решава како ќе се разделат последните 4.000 пасоши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот