Се смирија Бред Пит и Џенифер Анистон

Кога актерот на црвениот тепих го прашаа дали поранешната сопруга ќе му прави друштво на доделувањето на Оскари, тој се насмеа и зацрвени…

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно се во љубовна врска, пишува „Mirror“, а нивните пријатели откриле дека поранешните сопружници се обидуваат да ја вратат љубовта, страста и довербата која ја имале додека биле во брак.

Бред и Џенифер најмалку пет пати биле на љубовен состанок пред историската средба на црвениот тепих, тврдат нивните пријатели. Тие двајца наводно и празниците ги поминале заедно во вилата на Џенифер.

profimedia

– Мислам дека таа никогаш не ни престана да го сака, иако и го скрши срцето кога замина со Анџелина Џоли. И требаше многу време, но се му прости. Тоа е главниот чекор доколку сакате да продолжите понатака, изјавил пријателот на Џенифер.

– Единственото нешто за што зборува е Џенифер. Ја обновија својата романса и не сум ги видел волку среќни веќе неколку години – изјавил колегата на Бред.

profimedia

Кога Бред Пит на црвениот тепих го прашаа дали можеби Џенифер ќе му прави друштво на доделувањето на Оскарите, тој се насмеа и зацрвене, па кажа дека ќе нема придружба.

Кога новинарите ја прашаа актерката за врската со Бред, таа имаше веќе подготвен одговор.

– Ова е пресмешно. За што се луѓето зборуваат, низ насмевка кажала Џен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот