Се сменија приоритетите во Град Скопје, наместо Луна Парк ќе се градат улици

Град Скопје денеска на седница на Совет, која се одржа на отворено, согласно со препораките за заштита од коронавирус, најави ребаланс на  буџетот за справување со последиците од коронавирусот.

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека наместо за изградба на новиот луна-парк, Градот ќе се задолжи 12 милиони евра, за изградба и реконструкција на улици и друга инфраструктура.

Ги уверувам граѓаните декабагерите ќе продолжат да работат, улиците ќе продолжат да се прават и ова лето. Ќе продолжат да се градат и парковите што ги почнавме, мостовите и реновирањето на јавниот превоз. Фокусирани сме на враќање на парите назад во стопанството, преку обезбедување на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции, како Луна Паркот, рече Шилегов.

Градоначалникот изјави дека општинската каса бележи суфицит и дека е во можност да се откаже од дел од средствата од приходните ставки, со цел да се ослободат повеќе пари во економијата.

За таа цел на седницата беше одлучено комуналната такса за закуп на јавен простор да се намали од 15 на 5 денари по квадрат за цела 2020 година, да се намали фирмарината за 2020 година за стопанските субјекти од 7 000 на 4 000 денари. Истовремено информираат дека комуналиите ќе можат да се плаќаат на 18 наместо на 12 месечни рати и им се препорачува на училишните одбори закупувачите на простор во средните училишта да бидат ослободени од месечните кирии до завршување на вонредната состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот