Се слави победата и падот на Ѓукановиќ во Подгорица, Херцег Нови и Будва (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Прославата на победата започна вечерва откако опозициските лидери објавија дека ги договориле принципите за формирање на новата влада.

Поддржувачите на опозициските партии во Црна Гора вечерва во повеќе градови ја слават победата и падот на власта на Мило Ѓукановиќ, по вчерашните избори на кои опозицијата освои доволно пратенички места за да формира мнозинство.

Прославата на победата започна вечерва откако опозициските лидери објавија дека ги договориле принципите за формирање на новата влада.

Со црногорски, но и српски знамиња, голем број на граѓани се собраа во Подгорица, палејќи бакли и скандирајќи меѓу другото „Мило крадецу“. Прослави има и во Будва, Херцег Нови и Беране, пренесува „Нова.рс“.

Од опозициските партии, пак, порачуваат дека тие не го организираат славењето и оти граѓаните самоиницијативно се организирале.

Славјето следува откако лидерите на коалициите „За иднината на Црна Гора“, „Мирот е нашата нација“ и „Црно-бело“, Здравко Кривокапиќ, Алекса Бечиќ и Дритан Абазовиќ, објавија заедничка изјава дека се договориле за повеќе принципи врз кои ќе ја формираат идната влада. Меѓу другото, се договориле таа да биде експертска, влада која ќе ги спроведе меѓународните обврски и реформи за што побрз влез на Црна Гора во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот