Се скараа кавадаречките пензионери кој да биде нов претседател, најавија и протести

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Размислуваме и за протести ако во најскоро време не се распишат избори за ново раководство на Здружението на пензионери од Кавадарци, со оглед на тоа што мандатот на старото раководство е истечен, а не се свикуваат нови избори. Вака рече за МИА кавадарчанецот Ѓорѓи Лазов, 79-годишен пензионер.

-Постоеја два иницијативни одбора за свикување избори, кои сега се споија во еден и јас сум координатор за целата оваа работа. Ни пречи тоа што не се свикуваат избори и за тој проблем веќе алармиравме кај неколку надлежни субјекти. Сметаме дека најбрзо што може, треба да се изберат нови луѓе кои ќе го заменат нелегитимното раководство, нагласи Лазов.

Седумдесет и деветгодишниот Ристо Анѓушев пак, тврди дека е се уште легитимен претседател на Здружението.

-Лани ни заврши мандатот и требаше да има избори, но изборот на ново раководство го одложивме за една година, за да може да ги финишираме активностите што веќе подолго време ги имаме околу изградба на дом за стари лица. Оваа година требаше да има избори. Поради вонредната состојба како последица на пандемијата со вирусот Ковид-19, избори не можеа да се одржат. Затоа свикавме телефонска седница, на секој член од Собранието на Здружението на пензионери, му се јавивме телефонски и на тој начин се донесе одлука, продолжување на мандатот на избраните членови на Собранието, извршниот одбор и на сите избрани органи и тела од Здружението, на неопределено време. Се додека не се создадат услови за нови избори. Затоа што ако има избори, треба да одлучуваат 13 месни организации. А тоа не е мала бројка на луѓе кои треба да се соберат, а во сегашните услови на коронавирус такво нешто во затворен простор не може да се организира. Штом се создадат услови, ќе има и избори. Не знам зошто некому толку многу му се брза за избори, рече за МИА Анѓушев, појаснувајќи дека нема ограничување околу тоа колку мандати може да одработи едно раководство.

Ако повторно го кандидираат за претседател, тогаш ќе размислува дали сака нов мандат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот