Се шушкаше дека нивниот брак виси на конец, а тие никогаш не биле посреќни: Семејната идила во домот на Сулејман и Шехерезад
Убавата актерка позната по својата улога на Шехерезад, во која беше за вљубена цела Турција, како и многумина од околните земји, ги брои деновите до третото раѓање.
View this post on Instagram
Имено, Бергузар Корел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч наскоро повторно ќе станат родители, а за доаѓањето на бебето на славната актерска двојка најмногу се радуваат нивните синови Али и Кан.
View this post on Instagram
И покрај армиите на обожаватели и бројните приказни за нивниот развод поради неговата наводна прељуба, 38-годишната Бергузар и 12 години постариот Халит изгледаат како никогаш да не биле посреќни.
View this post on Instagram
Според објавите на социјалните мрежи, би се рекло дека воопшто не им било досадно за време на карантините, но очигледно е дека главниот збор во нивниот дом го водат нивните деца.
View this post on Instagram
Пастелните нијанси и дрвото преовладуваат во куќата со поглед на Босфор, давајќи му на домот чувство на топлина и удобност.
View this post on Instagram
Додека убавата Шехерезада ужива во бременоста, таа имала можност да се занимава со работи за кои претходно немала многу време, па затоа малку го преуредила ентериерот на нивниот дом, а неодамна на својот инстаграм-профил се пофали со новата кујна.