СЕ ШУШКА: Меган Маркл веќе се породила?

Фото Профимедиа

Британските таблоиди се во постојано исчекување на каква и да било информација околу бременоста и породувањето на војвотката од Сасекс.

Овие теории ги подгреа и доаѓањето на нејзината мајка во Велика Британија, која неодамна пристигнала кај својата ќерка. Многумина веруваат дека таа дошла да го види своето внуче.

Принцот Хари и Меган Маркл немаат протоколарна обврска да го покажат своето штотуку родено бебе пред светот. Доаѓањето на Дорија само ги подгреало овие теории.

Во официјалното соопштение на војводството Сасекс стои дека Меган нема да се пораѓа во болницата Сент Мери каде се породија принцезата Дијана и Кејт Мидлтон, како и дека најпрво сакаат самите да се запознаат со своето бебе, а потоа и да го покажат пред јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот