Се шпионира како во Студената војна, вели шефот на германското разузнавање

Шпионажа
Фото: МИА

Нивото на шпионажа за време на украинската криза е исто како за време на Студената војна или уште повисоко, изјави денеска шефот на германската разузнавачка служба Томас Халденванг.

Халденванг, кој ја предводи Федералната служба за заштита на уставниот поредок (BfV), предупреди на зголемен ризик од саботажи во контекст на војната во Украина.

Тој изјави дека Германија разоткрила голем број руски шпиони кои биле активни во земјата во последните години.

Халденванг смета дека „во свет на отворени непријателства и драстични санкции, прагот на инхибиција за шпионажа, саботажа и нелегитимно влијание ќе продолжи да паѓа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот