Се шпекулира дека кралицата Елизабета пие по четири силни коктели секој ден

instagram

Во кралското семејство отсекогаш знаеле да се наздрават независно дали има повод за тоа или не. Традицијата се враќа неколку генерации наназад кога мајката на кралицата Елизабета, знаела да испие неколку чашки повеќе и дека со текот на годините почнале да кружат гласини дека таа има проблеми со алкохолот.

Instagram

Во новата книга „Long Live the Queen! 13 Rules for Living of Britain’s Longest Reigning Monarch“, авторот Брајан Козловски посочува дека Кралицата Елизабета, наводно пиела четири коктели на ден – почнувајќи непосредно пред ручек.

Instagram

Секако, ова е само гласина, затоа што поранешниот кралски готвач Дарен МекГрејди пак, ги негира тврдењата, велејќи дека кралицата би била „кисела“ доколку пие онолку колку што велат озборувањата.

Instagram

Сепак, Козловски претпоставува дека врската на Кралицата Елизабета со алкохолот – во која редовно ужива, според сите извештаи – всушност може да биде тајната на нејзината долговечност и нејзината ментална благосостојба.

Instagram

За време на целото нејзино владеење, алкохолот отсекогаш служел во функција на ослободувач на стрес со брзо дејство – една доза на течна декомпресија во бурни денови“, изјавил тој.

Според Козловски, секојдневниот пијалок за декомпресија и антистрес е навика сместена во „сините зони“ – места со многу повисоки очекувања од просечниот живот низ целиот свет.

Instagram

Тој го цитира и експертот за долговечност Ден Бунтер, кој го истражувал начинот на живот на луѓето во „сините зони“ и верува дека „може да биде и тоа што малку алкохол на крајот на денот го намалува стресот, што е добро за целокупното здравје.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот