Нa социјалните мрежи се шири видео снимка „Убиј го Србинот“ снимена во трамвај во Загреб (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денове е присутна и се шири видео снимка која е снимена во трамвај во Загреб, а на неа се гледа и слуша како две млади лица скандираат песна со текст „Убиј го Србинот“ – а во ист контекст во нивниот перформанс ги вреѓаат и Евреите, па „Циганите и Шиптарите“, Босанците, па дури и Хрватите, пренесува хрватскиот портал Индекс.хр.

На снимката се гледа како едно од лицата „дава ритам“ и свири на гитара, додека другиот облечен само во долен веш и чорапи на себе, недолично и агресивно се однесува во трамвајот додека ги скандира стиховите.


„Убиј, убиј го Србинот, таква му е судбината, а може и Хрвати, кој ви е*е матер, јас“ – скандираат тие.

Недоличното пеење на двете момчиња, збунето и молчеливо го следат останатите патници на трамвајот.

Песната е цинична?

Како што пренесува хрватскиот медиум, тие го поврзуваат ова скандирање со песната Бициклич од хрватскиот панк бенд Сакоман. Тие во својата песна имаат стих „Убиј, убиј го Србинот, таква му е судбината“, но како што пишува индекс, по него следувал стихот „Јас сум мал усташ, по цел ден го слушам Томпсон“ – се прашуваат дали овие момци биле иронични и сакале баш на овој агресивен начин да ја доловат песната на бендот која на циничен начин ги обработува друштвено политичките теми и го критикува национализмот. Од медиумот наведуваат дека потеклото на видеото е засега непознато, односно не се знае кога точно е снимено и дека ја контактирале полицијата која изјавува дека имаат секојдневно имаат премногу нови пријавени случаи и дека тешко е да се прецизира, па не знаат ни дали некој воопшто го пријавил овој случај во полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот