Се шири капацитетот на болницата во Велес за ковид пациенти: Инфективно и Интерно се преполни, се отвора Физикалното одделение

Велешка болница / фото: Слободен печат, архива

Капацитетите на Инфективното и Б кракот на Интерното одделение се целосно исполнети со 54, односно со 15 пациенти со ковид-19, па викендот за новите инфицирани лица ќе биде ставено и Физикалното одделение кое е засебен објект на велешката Општа болница, информира докторката Весна Неделковска Николова.

Таа информира дека од минатата недела во ковид центарот на Инфективно одделение, покрај дерматовенерологот и интернисти, од велешката Општа болница самоиницијативно се вклучил и младиот д-р Атанас Ѓоргиевски, специјалист кардиолог од Велес, вработен во ПЗУ „Медикус“ од Кавадарци.

– Пример на хуманост да се помогне на своите сограѓани кога е најпотребно во битката со тешката епидемија, а што треба да го следат и други лекари, потенцира Неделковска Николова.

Инаку, во велешката Општа болница заразени се четворица лекари, од кои двајца интернисти, еден психијатар и еден доктор од одделот за анестезија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот