Се шири измама со името и ликот на Ѓоковиќ, предупреди адвокатот на српскиот тенисер

Фото: EPA-EFE/Kai Foesterling

Новак Ѓоковиќ неодамна ја освои својата 24. грен-слем титула, а потоа на Србија и донесе и важна победа во Дејвис Купот, но неговиот тим истовремено се бори со измамите кои го загрозуваат неговиот бренд и имиџ.

Имено, ликот на Ѓоковиќ се користел за лажни реклами, по тој повод се огласи и адвокатот на Ѓоковиќ, Горан Драниќ кој сакаше да ги предупреди луѓето на измамите.

„Сакаме да ја предупредиме јавноста во Србија и регионот дека во последно време се забележани обиди на сајбер криминални групи за незаконско искористување на името и ликот на Ѓоковиќ за имами преку интернет.

Повеќе интернационални сајбер криминални групи, преку лажни огласни пораки интезивно пласира невистините рекламни содржини во кои наводно учествува Новак Ѓоковиќ“, стои во соопштението.

Се појаснува дека најчесто се користи невистинита реклама која го поврзува Ѓоковиќ со наводна платформа на „Газпром“ на која се убедуваат луѓето да вложат свои пари за да добијат повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот