„Се шетав со рак на кожата“: Млада инфлуенсерка добила шокантна дијагноза

Instagram

Британската ријалити sвезда и инфлуенсерка, 21-годишната Моли-Меј Хејг, ја открила шокантната дијагноза откако нејзината мајка го забележала израстокот додека ја гледала во емисијата „Остров на љубовта“.

Instagram

Откако ја отстранила, таа дознала дека бенката бил канцерогена. Sвездата на реалното шоу „Остров на љубовта“ се расплакала кога лекарот ѝ рекол преку телефон дека бенката е мелигнен меланом – вид рак на кожа.

Моли-Меј раскажала низ што поминувала по нејзината „шок“ дијагноза, велејќи дека: „шетала со рак на кожата на ногата“.

Одев со рак на кожата на ногата – им рекла Моли-Меј на обожавателите.

Веста ја дознала додека била на службено патување во Италија. Таа отишла на низа прегледи, а двајца дерматолози дури ѝ рекле дека нема за што да се грижи. Но, кога побарала трето мислење, биопсијата покажала дека станува збор за малигнен израсток.

Откако му ја испорачала дијагнозата од неодамнешната биопсија, лекарот преку телефон ѝ рекол дека станува збор за малигнен меланом. Моли се расплакала кога ја слушнала веста.

принтскрин/Youtube

Ни самата не знам што да мислам или да кажам. Не можам да верувам дека другите лекари ми рекоа дека е во ред. Толку сум вознемирена и бесна – рекла Моли откако дознала за дијагнозата и ги замолила сите да ги проверат своите бенки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот