Се сеќавате на пејачот Арчи? Стана татко на 60 години! – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Се сеќавате на пејачот Арчи? Стана татко на 60 години!

Тој веќе долги години живее во Дубровник, Хрватска.

Се сеќавате ли на пејачот Арчи или Златимир Аревски кој е сопственик на еден од најголемите хитови од пред дваесетина година – „Да пукнеш леле што ми направи“.

За жал Арчи беше кратко на македонската естрада. Тој веќе со години живее во Дубровник во Хрватска, а во Скопје може да го сретнете на кратко и тоа само во зимскиот период.

Е, токму тој Арчи од пред месец и половина стана татко на 59 години. Неговата сопруга од вториот брак му родила машко дете.

Се обидовме да го добиеме Арчи за изјава, но на хрватскиот телефонски број до кој дојдовме беше недостапен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close