Се сеќавате ли на „кражбата“ која целосно го промени италијанскиот фудбал? (ВИДЕО)

фото: твитер

Иако главниот судија на натпреварот на „Сан Сиро“, Таљавенто покажа со раката на центарот, зачудувачки веднаш ја промени одлуката…

Пред точно осум години (25 февруари 2012), во 25. коло од Серија А на „Сан Сиро“ играа екипите на Милан и Јувентус во борбата за титулата.

Најголемото италијанско дерби требаше да го даде одговорот дали Милан ќе го одбрани „Скудетото“ или „Старата дама“ ќе се врати на тронот за првпат од аферата „Калчополи“, поради која заврши во втората лига.

Тогаш Алегри го водеше „црвено-црниот“ шампион, во 15. минута водство донесе Антонио Ночерино за позитива за голема радост на трибините.

Јуве на Конте беше во шок и под голем притисок, па во наредните 10 минути новиот гол во неговата мрежа. Дојде 25. минута, момент кој можеби во целост го промени италијанскиот фудбал…

„Росонерите“ беа со играч помалку (Тиаго Силва на кратко беше надвор од теренот). После еден корнер Буфон го одбрани ударот на Мексес, топката се одби до Мунтари кој ја удри и истата заврши еден метар во голот на голманот, но зачудувачки не беше признат.

Главниот судија Таљавенто прво покажа на центарот, но потоа несфатливо ја спушти раката и продолжи како ништо да не се случило.

Еден од помошниците крај аут Ромањоли исто така имаше добар агол на гледање и можеше многу лесно да го информира својот колега дека е чист погодок, но и во тој момент не се досуди ништо.

фото:Twitter

– Сето тоа се случуваше многу брзо, не видов дали топката ја помина гол-линијата. Но, и да го направев тоа, сигурно немаше да му кажам на судијата. Среќни сме со бодот (израмни Матри во 83. минута) против екипата која е фаворит за Скудетото и која ни направи многу проблеми – рече Буфон после тој меч.

Јуве остана во игра, во сезоната 2011/12 ја освои титулата со 84 бодови, четири повеќе од Милан. Оттогаш клубот од Торино ја започна големата ера со осум титули по ред во Серија А и сеуште нема прекин на таквата доминација.

Освен тоа и дефинитивно уште една од главните причини што беше донесена одлука и да се користи ВАР технологија, да се проверуваат сомнителните моменти, каков што имаше на „Сан Сиро“ во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот