Се санираат улици во Кисела Јабука и во Ново село

Фото: Општина Ѓорче Петров

Во екот на летната градежна офанзива се асфалтираат повеќе улици во Ѓорче Петров. Според надлежните, улиците 46, 46а, 68, 4 и 6 во н. Кисела Јабука добиле комплетно нов изглед а според најавите, градежната офанзива продолжува и со изградбата и на нови улици во Ново село кои за прв пат добиваат асфалт.

„Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, а се реализираат поради барање на граѓаните да добијат услови какви што заслужуваат. Приоритетните проекти заслужуваат внимание за моите сограѓани, бидејќи големиот проект „Ѓорче без кал“ мора да станува реалност. Приоритетот на реализицаија е предвидена во соработка со граѓаните од редовните приемни денови, од секојдневните средби во соседството, уличките, парковите“, истакна градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Според градоначалникот, со засилена динамика се работи и на санација на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново село и Стопански двор.

Инаку, во овие пет населени места во Општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот