Се санираат тринаесет улици во населба Драчево

Фото: илустрација / Општина Кисела Вода

На територија на Општина Кисела Вода се реконструираат тринаесет улици во населбата Драчево.

Како што информираат од оваа скопска општина, градежните активности опфаќаат гребење на оштетениот и дотраен асфалт.

– Се работи за сообраќајници на кои никој не интервенирал повеќе од 50 години иако жителите од овој дел на Скопје интензивно ги користат во своето секојдневие. Шандор Петефи, Чупино Брдо, Иван Тургењев, Риза Ризов, Радослав Петковски, Дарвинова, Стари Новакија, Ромен Ролан, Ѓорѓи Динката, Иван Мажураниќ, Иван Мешторовиќ, Раде Дакиќ, ,Димитар Гуштанов, се улиците со површина од 8545 квадратни метри, кои до средината на август ќе бидат целосно асфалтирани и ставени во функција – најавуваат од Општина Кисела Вода од каде што информираат и дека, градежните зафати за подобрување на патната мрежа низ општина Кисела Вода ќе продолжат со голем интензитет и во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот