Се санираат оштетувања на улиците низ Скопје и се поставува сообраќајна сигнализација

Фото: Слободен печат / Архива

Eкипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта” во текот на вчерашниот ден на булевар „Св. Климент Охридски” извршија обнова на флексибилни столпчиња на велопатеката, а на потегот од улицата „Загрепска” до Детската клиника санираа ударни дупки, информира Град Скопје.

На улиците „Цветан Димов” и „Џон Кенеди” во текот на вчерашниот ден се санираа бекатон плочи на тротоарите, а пред пешачкиот премин кај старата меѓуградска станица се подготвува теренот за поставување сообраќајни знаци.

На булевар „Босна и Херцеговина” во делот со улица „Лазар Трповски”, како што наведува Град Скопје, се врши подготовка за семафорска инсталација, додека во општините Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставува вертикална сигнализација на повеќе улици и булевари.

-Екипите на ЈП „Улици и патишта” континуирано детектираат и санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, а вршат и замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, наведува Град Скопје во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот