Се санира плочникот на улица Македонија

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на санација на плочникот на улица Македонија.

– Активностите кои што тиe ги изведуваат при санирањето на оштетените плочи се на потегот од крстосницата со улица Димитрие Чуповски до крстосницата со улица Даме Груев. По целиот овој потег на улицата Македонија се врши отстранување на оштетените и пропаднати плочи, рамнење на подлогата и повторно враќање подредување на плочите – информираат од јавното претпријатие.

Оттаму информираат и дека, во текот на вчерашниот ден екипите го санирале и просторот околу споменикот на Цар Самоил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот